Ковачевски: Професорите од УКИМ ќе добијат повисоки плати од септември

од Nikola Popovski
270 прегледи

Покачувањето на платите на универзитетските професори е предвидено во Буџетот од месец септември. Тоа стои во ребалансот на Буџетот. Го видов писмото што го пратија и контактирав со нив. Самиот јас сум професор. Се согласувам дека во целиот образовен систем треба да се покачат платите. Буџетот од година во година се зголемува во однос на платите во високото образование. Исто така треба да бидеме свесни дека имаме повеќе државни универзитети и да бидеме свесни дека сме во голема економска криза. Верувам дека ќе најдеме решение со професорите бидејќи веќе има планирани средства за нив, рече премиерот Димитар Ковачевски како одговор на новинарско прашање.

Вчера беше обелоденето дека професорите од универзитетот „Кирил и Методиј“ ќе излезат на предупредувачки протест доколку не се исполни нивното барање за повисоки плати.

-Доколку сакате наука треба да бидат надминати овие егзистенцијални проблеми. Не може некој да се занимава со наука, да истражува, а да не може да ги задоволи егзистенцијалните проблеми. Да не говориме дека нема никакви издвојувања за истражувања, публикации, печатење на книги. Оттука трпението е при крај и револтот е голем кај наставниот кадар. Досега имавме големо раазбирање кон државата за ковид-состојбата и сиромаштијата. Повеќе од две години правиме заложби и го одиме патот на разумот. Оттука членството ќе упати отворено писмо до премиерот, претседателот на Собранието и министерот за финансии дека платите на професорите од УКИМ се на исклучително ниво. Бараме потпишување на тој колективен договор. Членството е подготвено за предупредувачки мирни протести, информира универзитетскиот професор Ангел Ристов.

Слични содржини