293
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека Киев не е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, но дека мора да се соочи со реалноста дека тоа најверојатно ќе биде неопходно за да заврши војната.
„Има работи за разговори со рускиот лидер. Не велам дека нашите луѓе се подготвени да разговараат со Путин, но мораме да се соочиме со реалноста на она низ што сите заедно поминуваме“, рече Зеленски за време на неговото обраќање до индонезиски интелектуалци, објави „Ројтерс“.
„Сакаме да го вратиме животот на една суверена земја, на нејзина територија. Русија се чини сè уште не е подготвена да започне сериозни мировни преговори“, истакнува украинскиот претседател.