303
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин прави бавен, но опиплив напредок во украинскиот регион Донбас.
„Се плашам дека Путин, со голема цена по себе и за руската армија, продолжува полека да го освојува теренот во Донбас“, изјави Џонсон за ТВ Блумберг, пренесе „Ројтерс“.
„Тој продолжува да постигнува постепен, бавен, но се плашам опиплив напредок и затоа е апсолутно витално да продолжиме да им даваме воена поддршка на Украинците“, истакнува премиерот на Обединетото Кралство.