Поранешниот претседател на државата и поранешен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски смета дека Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на нашиот источен сосед.
Според него, со тоа се задира во нашиот национален идентитет и историја, и според него, таков компромис едноставно не е можен.
Црвенковски смета дека ветото на Бугарија може да потрае во подолг временски период и поради тоа треба да биде подготовена македонската јавност.
– Односите со грчката страна по потпишувањето на Договорот од Преспа се многу подобри отколку претходно. Сосема спротивно, односите со Бугарија се неспоредливо полоши, отколку пред потпишувањето на Договорот за добрососедство, констатира поранешниот претседател на дебата во Клубот на пратеници организирана од Советот на амбасадори.
Во однос на руската инвазија на Украина, Црвенковски вели дека е „добро што Македонија застана на вистинската страна без било какви дилеми и калкулации“.