Побиен главниот доказ против Џони Деп: „Фотографиите со модринките се модификувани“

од Stefanija Kuzmanovska
347 прегледи

Случајот на Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амебер Херд се следи ширум светот, а јавноста секојдневно ги коментира случувањата од судницата, бидејќи судењето се емитува.

Сега еден од сведоците беше дигиталниот форензика Брајан Немастер, кој рече дека модринките на Амбер кои беа приложени на судот, се „модификувани“.

-Не постои начин ниту еден форензичар да потврди било која од овие фотографии. Го наведувам фактот дека се модифицирани – рече тој и додаде дека има „неколку верзии на таа фотографија“, пренесува Metro.co.uk.

„Постојат десетици различни верзии – некои со различни големини на датотеки, различни физички големини, а некои поминале преку софтвер за уредување фотографии“, рече тој.

На судот му беа покажани три различни верзии на оваа фотографија.

„Сите три од овие фотографии морале да поминат низ некаква трансформација за да ја променат нивната големина“, рече тој.

 

Слични содржини