282
Западот се обидува да ја „поништи“ Русија, да ја отстрани од светската мапа, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин.
„На Русија ѝ се воведуваат економски и хуманитарни санкции, дискриминацијата и притисокот се пренесуваат дури и на руските научници, спортисти и културни работници само затоа што ги штитиме нашите сопствени национални интереси“, рече Мишустин, пренесува ТАСС.
Тој истакнува дека многу сфери се под притисок, дури и руските државјани во странство.