Неизвесен договорот на Европската унија за шестиот пакет санкции против Русија

од Stefanija Kuzmanovska
215 прегледи

Ниту еден месец откако беше предложен од Европската комисија, шестиот пакет санкции против Руската Федерација не беше усвоен во ЕУ, поради противењето на Унгарија на најавеното ембарго за увоз на нафта од Русија.

Брисел и земјите-членки се во секојдневен контакт со цел да се најде решение, а на маса е опцијата за воведување ембарго на нафтата увезена со танкери, додека копнените нафтоводи може да бидат исклучени, на кои Унгарија и некои други земји-членки најмногу се потпираат.