Западот ѝ објави целосна војна на Русија и на рускиот свет, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Западот ни објави тотална војна, на рускиот свет, тоа никој не го крие“, рече Лавров на состанокот на Советот на шефови на руски територии во Министерството за надворешни работи, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Лавров предупреди дека западната политика на Русија на „исклучување“ ќе продолжи уште долго време.
Според него, културата на исклучување на Русија и се што е поврзано со таа земја достигна точка на апсурд, бидејќи се воведени забрани за класици како Чајковски, Достоевски, Толстој и Пушкин.
Тој нагласи дека прогонот против руската култура и уметници се уште трае и дека никој со сигурност не може да каже колку долго ќе трае оваа ситуација.