Франциско Серундоло е главна тема на француските медиуми.
Имено, поради бизарен инцидент со таксист во Париз, Серундоло завршил во полиција.
Според француските медиуми, околу еден час и 45 минути по полноќ, Серундоло го нападнал таксистот бидејќи одбил да ги превезе него и четворица негови сопатници, бидејќи во автомобилот требало да се сместат четири лица.
Тогаш Франциско наводно ги изгубил нервите, му удрил шлаканица на човекот, па во близина нашол полициска патрола и го пријавил нападот.
„Забележав дека пијат“, му рекол таксистот на полицаецот, додавајќи дека Серундоло понудил да плати повеќе ако се согласи, пред да стане агресивен.
Неколку минути подоцна полицијата влегла во хотелот во кој престојувал тенисерот и го уапсила, но набрзо го ослободила.
Во текот на денешниот ден се огласи и самиот Серундоло кој ги демантираше сите медиумски наводи, заедно со неговата верзија на приказната во која забележува дека полицијата на крајот му се извинила за недоразбирањето.