262
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да му припише одговорност на Западот за кризата со глад, што ја предизвика агресијата врз Украина.
„Наративот на Путин мора итно да се побие“, нагласи Шолц во Штутгарт.
Тој рече дека Путин нашол формулација, и дека постојано зборува за „глобалниот запад“.
Со ова, вели Шолц, мисли на непријателите против кои сака да се обедини со другите.
„Кризата на глад, предизвикана од неговата војна, која тој ја започна, сега им се припишува на оние кои се со Украина“, рече тој, пренесе „Танјуг“.