Поради финти на некои општини струјата за граѓаните може да поскапе за 10 отсто, вели Бислимоски

од Берта Китинска
193 прегледи

За само 3 месеци општините за да си ги скусат трошоците за струја формирале јавни претпријатија преку кои си обезбедувале струја по цена за домаќинствата и за само 3 месеци направиле долг од 30 милиони евра, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.

-Пред да почнат да ги разгледуваат пресметките на трошоците од енергетските компании, веќе на граѓаните им се заканува раст од минимум 10%, поради малверзaции кои ги прават дел од општините, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.

Се бара начин како да не го вкалкулира во новата цена која ќе треба да ја плаќаат граѓаните од први јули.

-Измислуваат разно разни финти за да се вратат назад на регулираниот пазар на електрична енергија и заради тоа, само за првите четири месеци имаме трошок од 30 милиони евра. Верувам дека ќе се објават кои се тие општини и граѓаните да знаат дека општините не се грижат за нив, рече Бислимоски.

Слични содржини