Ако не бидеме успешна членка на „Отворен Балкан“ тогаш не може да бидеме и успешна членка на ЕУ, вели новинарката Ивона Талевска во „Само Вистина“.
-Не ме секира мене Бугарија што ќе остане на ветото, мене ме секира зошто ние водиме самоубиствени политички и правни преговри и зошто тоа се фориира.Сметам дека имаме корупција во тој сегмент и повеќе од половина македонска влада во изминативе 5 години разви силни бизнис релации со Бугарија и нивните компании и сигурно е една од причините зошто вака се водат самоубиствени преговри, вели Талевска.