Смета дека е неодговорно да нема нормална комуникација и дијалог помеѓу двете најголеми партии во земјата,а има значајни прашања што треба да се разговараат за прв пат нема ни формална ни неформална комуникација меѓу СДМС и ВМОР , вели Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во „Трилинг“.
Николоски изјави дека месец и пол Ковачевски и СДСМ бегаат од лидерска средба и со тоа ја носат Македонија во уште полоша состојба, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ понуди тимови во четири клучни области се со цел да помогнат во решавање на проблемите со кои се соочуваат и граѓаните и државата.
-Откако поминаа 100 дена од формирањето на владата, односно 100 дена на кои што ние оставивме да покажат што можат, иако ова е истата влада каде што министрите се скоро истите, има само промена на премиер, побаравме средба на кој ќе се разговара за определување на датум за предвремени парламентарни избори како и формирање на четири тимови во четирите клучни области според нас во кои што Македонија има проблеми во моментот а тоа се финансиите, европските интеграции и односите со Бугарија, здравството и образованието. Дури понудивме и наши тимови кои што ќе помогнат, а се работи за исклучително профилирани политички личности, но исто така и за експерти кои сме спремни да помогнеме во овие четири клучни области про-боно за државата да оди напред затоа што не смее државата да губи време, рече тој.