Лидерот на руската јужна чеченска провинција, поддржан од Кремљ, Рамзан Кадиров, објави видео во кое предупредува дека Полска може да ја следи Украина, објави Бета.
Во видеото објавено на неговата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена“.
Полска, која граничи со Украина, испраќа оружје и друга помош од почетокот на руската инвазија и прими милиони украински бегалци.
Кадиров го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите предложени од рускиот претседател Владимир Путин.
„Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се фали со наводните акции на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина“, посочуваат од Бета.