Обвинетите во аферата „Криминални парцели“ донатори на ВМРО-ДПМНЕ и кампањата на Арсовска

од Берта Китинска
882 прегледи

Дел од обвинетите во аферата „Криминални парцели“ со која се проневерени околу 1,6 милиони евра може да се најдат на листите на донатори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и на кампањата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Обвинетиот Орце Тодоровски може да се најде на листите и како донатор на ВМРО-ДПМНЕ, но и на Данела Арсовска. Тој е еден од основачите на компаниите заедно со Христијан Мицкоски во бизнисот со малите хидроцентрали, а во медиумите може да се прочита и дека бил советник за одбранбени прашања на Мицкоски. Неговата сопруга е дел од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но и вработена во ЕВН Македонија.

Во случајот „Криминални парцели“ обвинетите добиле на подарок ниви од други лица, непосредно пред локалните избори минатата година. Само неколку недели потоа тие ги продаваат нивите по суми неколкукратно повисоко од пазарната вредност на ЕВН Електрани, со што се прави проневера на околу 1,6 милиони евра.

Арсовска-Финансиски-Извештај_LI_2021