Кога станува збор за полицијата, токму преку односот и начинот на остварување и ефикасност на полициските надлежности и овластување со нивната законска поставеност и заштита може да се даде одреден квалитетен суд за капацитетите на едно општество да ја вреднува, негува и надградува законитоста – како еден од примарните принципи на своето функционирање, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање по повод јубилејот 30 години постоење на Македонски полициски синдикат на трибината на тема „Кривично правна и прекршочна заштита на вработените во МВР, АР, АНБ и УФП”.
Тој посочи дека со меѓу обезбедувањето на ефикасни нормативни механизми со кои граѓаните ќе се заштитат од злоупотреби и пречекорување на полициските и други овластувања, со обврската да се обезбеди иста таква заштита на полициските службеници при нивното полициско постапување во согласност со законите.
-МВР преку законите за внатрешни работи и за полиција, како и преку Колективниот договор веќе има воспоставено одредени нормативни принципи кои се во интерес на заштита на правата на работниците во Министерството и во делот на нивна кривично-правна и прекршочна заштита – реформскиот курс што ова раководство на МВР го одреди на почетокот на мандатот за динамично и сеопфатно подобрување на условите за работа, продолжува со несмалено темпо, овозможувајќи целосно сообразување со стандардите и вредностите на функционирање на модерните полиции во светот, вели Спасовски.