Потребните инвестиции за третман на отпадните води во Охридскиот регион се меѓу 60 и 70 милиони евра. Тоа е многу голема сума и треба да одиме чекор по чекор, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во неделното интервју за РСЕ.

-Кога зборуваме за отпадните води, кои за жал влегуваат во нашето езеро, треба да бидеме свесни од каде доаѓа тој отпад. Прво, тоа може да биде од згради кои не се поврзани со колекторот и во истовреме, треба да бидеме свесни дека главната цевка на колекторот за отпадните води во Охрид е оштетена и протекува и исто така делумно оттаму отпадните води се влеваат во езерото. Треба да бидеме свесни и за реката Сатеска, која се влева во Охридското Езеро и треба да биде пренасочена, на што во моментов работиме со меѓународни донатори да пренасочат делови од неа. Треба да го истакнеме фактот дека студија изработена од Јапонците, на што сме им многу благодарни, покажува дека потребните инвестиции за третман на отпадните води во Охридскиот регион се меѓу 60 и 70 милиони евра. Тоа е многу голема сума и треба да одиме чекор по чекор, вели Нуредини

Слични содржини