Ревидираните податоци на американското Министерство за трговија покажаа дека реалниот бруто домашен производ (БДП) на САД паднал за 1,5 отсто во првиот квартал во споредба со истиот период минатата година.
Аналитичарите очекуваа ревидиран пад од 1,3 отсто.
Нешто поголем пад од очекуваниот следеше откако БДП нагло скокна за 6,9 отсто во последниот квартал од 2021 година.
Во посебен извештај, американското Министерство за труд, откако минатата недела објави најголем број нови барања за бенефиции за невработеност во САД во речиси четири месеци, во четвртокот објави дека барањата за бенефиции паднале повеќе од очекуваното во неделата до 21 мај.
Бројот на нови бенефиции падна на 210.000, што е намалување за 8.000 од неревидираните нивоа од 218.000 претходната недела. Според порталот „Сеебиз“, економистите очекувале поскромно намалување на новите барања за невработени на 215.000.