242
Едно лице загина, а седум се повредени денеска при пукање по повод Денот на сеќавањето во американската сојузна држава Оклахома.
Меѓу ранетите има и двајца малолетници.
Локалните власти соопштија дека на пукањето и претходела расправија. Засега никој не е уапсен.
Околу 1.500 луѓе присуствуваа на прославите на Денот на сеќавањето во близина на градот Тафт.
Властите не дадоа повеќе детали за инцидентот.