📷САД: Речен брод удрил во столб од мост над реката Арканзас, сообраќајот е пренасочен

од Vladimir Zorba

Полицијата во американската сојузна држава Оклахома го затвори автопатот јужно од градот Салисо, откако речна шлеп удрила во столб од мост што ги поврзува бреговите на реката Арканзас, објавија денеска американските медиуми.

Припадниците на државната полиција на Оклахома го затворија автопатот South 59 откако добија информации за инцидентот, а сообраќајот беше пренасочен, рече портпаролката на полицијата Сара Стјуарт, пренесе АП.

Таа рече дека мостот на реката Арканзас, кој се наоѓа на местото каде што реката се влева во акумулацијата Роберт С. Кер, ќе остане затворен додека не заврши техничкиот преглед.

Слични содржини