Нацртот на ЕУ за нови санкции кон Русија прави исклучок за нафтоводите

од Stefanija Kuzmanovska
292 прегледи

Лидерите на Европската унија се очекува денеска да договорат нов пакет санкции кој ќе вклучува санкции за руската нафта како казна за нападот на Украина, но може да остане исклучок од испораката на сурова нафта преку нафтоводи.

Бидејќи досега не успеале да ги добијат деталите за конечниот договор, денеска ќе се обидат да постигнат решение, објави „Ројтерс“.

„Европскиот совет се согласува дека шестиот пакет санкции ќе ја опфати суровата нафта, како и другите енергетски извори што Москва ги доставува до земјите-членки на ЕУ, со привремен исклучок на суровата нафта што би се испорачувала преку нафтоводи“, се вели во најновиот нацрт-заклучок, откри „Ројтерс“.