Пронајден исчезнатиот авион во Хрватска: „Гледам делови од опашка, крила и кабина“

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Хрватските медиуми јавуваат дека авионот „Цесна“, кој вчера исчезна од радарот меѓу Слуњ и Раковица во Хрватска, бил пронајден со помош на дрон.

„Имаме пронајдок“, соопштија од тимот на пилоти на беспилотните летала кои ја пребаруваат пошироката област. Тоа беше пријавено преку радио врска со базата, а за тоа сведочеа и репортерите на „Јутарњи лист“ кои се на тој терен со друга екипа пилоти.

Во базата беа пријавени и точните координати на локацијата.

„Гледам делови од опашката, крилата и кабината“, рекол пилотот кој го нашол авионот.

Авионот „Цесна 182“ кој летал од правец на Сплит кон Германија, а во кој имало четири лица, исчезнал од радарот на Хрватската контрола на летови вчера во 11.25 часот на поширокото подрачје на Слуњ.

Според хрватската полиција, пилотот на спортскиот авион „Цесна“ е Швајцарец, а патниците се двајца германски државјани и еден хрватски државјанин.

Слични содржини