Руските војници влегоа во предградијата на Северен Доњецк

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Руските војници влегоа во предградијата на украинскиот град Северен Доњецк, изјави во понеделникот регионалниот гувернер, опишувајќи ги борбите како „многу жестоки“ во градот кој стана клучен за руската офанзива во Донбас.

Во гранатирањето загинаа двајца цивили, а уште пет беа ранети додека руските војници напредуваа кон градот од југоисток и североисток, изјави регионалниот гувернер на Луганск, Сергеј Гајдаи.

Континуираното руско гранатирање ги остави украинските сили да ги бранат урнатините во Северен Доњецк, но нивното одбивање да се предадат ја забави масовната руска офанзива низ регионот Донбас во источна Украина.

– Оштетени се околу 90 отсто од зградите. Повеќе од две третини од станбениот фонд во градот е целосно уништен. Нема телекомуникации – рече украинскиот претседател Владимир Зеленски во телевизиско обраќање.

– Освојувањето на Северен Доњецк е фундаментална задача за окупаторите. Правиме се што е во наша моќ да го запреме тој напредок – изјави украинскиот лидер, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини