267
Најмалку пет лица се повредени денеска кога училишен автобус со околу 20 ученици се излизгал од патот и паднал во канал во јужна Полска, соопшти локалната полиција.
Три лица се хоспитализирани по несреќата кај селото Розток, а повредените не се во животна опасност, додаваат властите, пренесува АП.
Во автобусот имало 23 деца на возраст од 12 и 13 години, како и тројца учители и еден возач, изјави портпаролот на полицијата, Павел Климек.