Ескобар: Црна Гора e најверојатно следната членка на ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
332 прегледи

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во говорот на Самитот за демократија на Југоисточна Европа во Црна Гора на тема „Војна во Европа: влијание на Балканот“ изјави дека најверојатно следната членка на ЕУ ќе биде Црна Гора.

„Прилично сум сигурен дека Црна Гора најверојатно ќе биде следната членка на ЕУ“, рече Ескобар.

Тој нагласи дека е „многу оптимистичен за перспективите на земјите од Западен Балкан да станат полноправни членки на ЕУ“ и дека САД ќе ја продолжат својата поддршка во таа насока.

„Многу сум возбуден за иднината на Западен Балкан, бидејќи оваа криза навистина ни покажува дека политиката што ја избраа и ја водат САД – поддршка, ангажман и промоција на Западен Балкан дава резултати“, рече Ескобар.

Тој посочи дека најголемиот предизвик на Западен Балкан кон евроатлантските интеграции е корупцијата, која е длабоко вкоренета во земјите од регионот уште од 1990-тите.

„Тоа е борба и на овие земји им е потребна поддршката и од САД и од Европа, а ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Црна Гора и остатокот од регионот“, посочи Ескобар.

Слични содржини