216
Голем пожар зафати фабрика за градежни материјали во Тетово, а во локализирањето на огнот учествуваа 150 пожарникари.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за „Сител“ кажа дека е задоволен што никој не го загубил животот во пожарот во Тетово.
„Задоволни сме што немаше ниту еден загинат граѓанин, ниту еден загинат пожарникар, ниту еден сериозно повреден пожарникар, со исклучок на неколкумина кои беа пренесени во болница поради вдишување на гасови“, кажа Ангелов.