472
Актерот Џони Деп настапи во Ројал Алберт Хол во Лондон, додека ја чека пресудата од судскиот процес за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд.
Џони настапи во Лондон со својот пријател пејачот Џеф Бек, а заедно изведоа серија на кавери на познати песни.
Деп на настапот беше пречекан со аплауз, а следеа воодушевени коментари на социјалните мрежи
На социјалните мрежи беше објавено видео од Деп на кое тој пее и свири на гитара, каде што може да се забележат членови на публиката како го бодрат и ѝ аплаудираат на холивудската ѕвезда.