„Без артилерија со долг дострел, победа против Русија е малку веројатна“

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

Воена победа против Русија е „малку веројатна“ доколку Соединетите Држави ги прекинат испораките на артилерија со долг дострел во Киев, изјави за Си-Ен-Ен високиот украински функционер Алексеј Арестович.

Арестович, советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски, изјави за американската телевизија дека ова оружје е „суштинско за судбината на Украина и нејзината независност“.

Тој додаде дека дури и мал број вакви системи за оружје, само 20, би биле „промена на играта“ во конфликтот со Русија, бидејќи тоа ќе им овозможи на украинските трупи да се одбранат од руските напади со долг дострел.

Слични содржини