Во тек напори за инфраструктурна обнова на Донбас

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

Русија денеска објави дека врши големи инфраструктурни работи во самопрогласените Луганска и Доњецка народна република во источна Украина со цел да ги обнови по војната.

„Се прават големи напори за обнова, градежни работници масовно пристигнуваат во Донбас“, изјави Виктор Водолацки, прв заменик-шеф на Комитетот на Државната дума за ЗНД, евроазиска интеграција и односи со сонародниците, пренесува ТАСС.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во неделата дека „ослободувањето на Донбас е безусловен приоритет за време на руската специјална операција во Украина“.

Слични содржини