Еве што може да се случи доколку тужбата за клевета на Џони Деп биде одбиена

од Stefanija Kuzmanovska
449 прегледи

Поротниците во граѓанската постапка меѓу Џони Деп и Амбер Херд беа на тридневна пауза поради празникот Ден на сеќавањето, а се очекува тие да продолжат со расправата денеска.

Судењето привлече големо внимание кај светската јавност и може да се покаже како значаен преседан за жртвите на семејно насилство. Може да поминат уште неколку дена пред поротата да донесе конечна пресуда, но што би можело да значи за Деп ако неговата тужба за клевета биде одбиена?

Деп нема да ја добие профитабилната исплата

Во тужбата против Херд, Деп бара исплата од 50 милиони долари за загуба на заработката, предизвикана од написот на неговата поранешна сопруга во The Washington Post во 2018 година. Адвокатскиот тим на Деп тврди дека актерот изгубил значителен приход поради инсинуацијата дека е насилник.

Доколку поротата ја одбие неговата граѓанска тужба, тогаш тој нема да ги добие бараните пари, а Херд нема да мора да ги плати своите, веројатно прилично скапи, правни трошоци. Можно е и поротата да заклучи дека Деп има право на дел од сумата за загубата на приходите, но дека цифрата од 50 милиони долари е преголема и во тој случај би можел да добие помала сума.

Може да има продолжување на правната битка

Дури и ако загуби во граѓанска тужба во судот во Ферфакс, Вирџинија, Деп сепак може да ја обжали одлуката. Сепак, ова тешко би било претерано ефикасно доколку не се појават нови значајни докази или сведоштва по судењето.

Поголема е веројатноста Херд да го тужи Деп затоа што случајот го однел на суд. Всушност, Херд веќе поднела противтужба од 100 милиони долари против нејзиниот поранешен сопруг, тврдејќи дека ја наклеветил за време на парницата.

Како што е случајот со тужбата на Деп, поротата би можела и во таа противтужба да одлучи дека цифрата од 100 милиони долари не е оправдана и да ѝ додели на Херд помал или уште поголем износ на обесштетување.

Слични содржини