Турција поднесе барање за промена на името

од Nikola Popovski
348 прегледи

Турција официјално побара од Обединетите нации и другите меѓународни организации да го променат името на земјата во “Türkiye”, изјави во вторник министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

-Анкара ќе испрати официјално писмо до сите меѓународни актери во вторник и очекува промената да стане официјална по оваа недела, рече Чавушоглу.

-ОН се „подготвени“ за промени, а Анкара сака да ја смени англиската верзија на “Turkey” во “Türkiye” во поголемиот дел од својата меѓународна кореспонденција, вклучително и во вестите од надворешната политика, додаде тој.

Потегот на ребрендирање уследи по декретот издаден во декември од претседателот Реџеп Таип Ердоган за промена на името “Türkiye” на англиски, француски и германски, меѓу другото, бидејќи „ја претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација во најдобар начин“

Точната причина за промена на името на државата и моментот избран за тоа не е јасна, но државната телевизија „ТРТ“ во еден прилог алудираше дека причината е всушност тоа што на англиски „turkey“ значи мисирка или, во сленг, кога нешто оди. погрешно.

Фото: Godong / robertharding / Profimedia

Слични содржини