328
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски тврди дека постои загриженост кај охридските работници по најавата за недела да биде работен ден во туристичките места.
-Министерот не кажа кои работници ќе бидат опфатени. Имаме големо незадоволство, кои што самите работници велат дека голем бенефит е недела неработен ден. Нема цена што би ги натерала да работат во недела, знаејќи дека заедно го поминуваат времето со своите фамилии. Сметаме дека овој предлог од Министерството за економија е крајно неприфатлив и бараме од Собранието да не бидат изгласани овие законски измени, со цел да не ги оштетиме работниците и да не ги уназадуваме работничките права, кои се голем бенефит за нас, особено денот недела, изјави Димовски.