Личноста на Талат Џафери не е нападната, туку нападнато е неговото однесување и неговите резултати од неговата работа. Според деловникот на Собранието, има битен прекршочен момент, а тоа е неговото самоволие. Тоа е кршење на основните човекови права и слободи, смета пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска за најавената интерпелација на собранискиот претседател Талат Џафери.
Василевска појасни дека „ако знаеме дека сме демократска земја, ако сме прифатиле дека имаме плурален систем, мораме да прифатиме дека треба да се сноси одговорност ако се погреши“.
-И малите деца знаат дека секој може да одговара освен функционерите на ДУИ. Треба да избереме еден репрезентативен спикер, рече Василевска.