Канада воведе санкции за девојката на Путин

од Nikola Popovski
265 прегледи

Канадската влада денеска објави дека воведува санкции за наводната девојка на Путин, поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, како и за други руски функционери и институции, поради руската војна во Украина.

„Цел ни се банките, олигарсите блиски до режимот на Путин, како и неговата партнерка“, изјави канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли на прес-конференција во Отава, пренесе АФП.

На списокот на нови рунди санкции се Кабаева, Руската Земјоделска банка, Инвестрејдбанк и две компании за управување со фондови.

На сите ќе им биде замрзнат имотот и ќе им биде забранет влезот во Канада.

Според „Гардијан“, медиумите одамна пишуваат дека Кабаева и Путин се во романтична врска, иако тој тоа го негираше кога за прв пат се појавија такви објави во 2008 година.

Фото: Sasha Mordovets/Getty Images

Слични содржини