Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека биле гранатирани позициите на вооружените сили на таа земја на границата со Ерменија.
Во соопштението се прецизира дека „единиците на ерменските вооружени сили ги гаѓале позициите на азербејџанската армија во правец на населбите Агдам Товуз и Зејлик во областа Келбаџар од 31 мај во вечерните часови до ноќта на први јуни“.
Министерството за одбрана додаде дека азербејџанската страна презела соодветни мерки за одговор, пренесува РИА Новости.