Зеленски: Ситуацијата е многу тешка, секој ден губиме до 100 војници

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Украина губи до 100 војници секој ден во борбата против руските сили, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Во интервју за американскиот информативен канал Newsmax, украинскиот лидер рече дека најтешка е ситуацијата на истокот на земјата, особено во Северодонецк и Лисичанск.

„Ситуацијата на исток е многу тешка. Секој ден губиме од 60 до 100 војници“, рече тој.

Зеленски додаде дека ракетите испратени од САД во Украина нема да се користат на руска територија.

„Знам дека некои луѓе во САД велат дека можеби ќе ги искористиме за да ја нападнеме Русија. Видете, ние немаме планови да ја нападнеме Русија. Не сме заинтересирани за Руската Федерација. Ние не се бориме на нивната територија“, рече тој.

Слични содржини