Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека нема да врши притисок врз Киев да предаде територии за да се стави крај на војната во Украина.
„Нема да вршам притисок врз украинската влада, ниту приватно, ниту јавно, да направи територијални отстапки. Тоа би било погрешно и спротивно на добро утврдените принципи“, изјави Бајден за „Њујорк Тајмс“.
Украина не е подготвена да отстапи ниту еден дел од својата територија, бидејќи станува збор за нејзината независност и суверенитет.