Неверојатни сцени од Норвешка: Голман го намалувал голот на секој домашен натпревар, започна истрага (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Во центарот на вниманието на фудбалската јавност деновиве е Патрик Гунарсон, голманот на норвешкиот прволигаш Викинг, кој на видеата беше утврдено дека пред секој натпревар на домашен терен го намалува голот за околу 15 сантиметри.

Гунарсон, откако судијата ќе го прегледа голот, ги поместувал левата и десната статива за да го скрати голот и со тоа си правел полесна работа.

Генијалноста на младиот голман, роден 2000 година, даде резултати, бидејќи Викинг моментално е на третата позиција по 11 одиграни кола. Кога станува збор за натпреварите на домашен терен, каде Гунарсон го намалувал голот, неговиот тим славеше четири пати во шест натпревари со две нерешени средби, а тој само двапати ја вадеше топката од мрежата.

Сепак, според текстовите во норвешките медиуми, против исландскиот голман е покрената истрага. По написот во медиумите, Гунарсон се бранеше дека не го намалувал голот, туку дека тоа е негов ритуал пред натпреварот.