Откако поротата денеска донесе конечна одлука во корист на Џони Деп по шест недели судење, се огласи актерката Амбер Херд и меѓу другото рече дека е „неописливо разочарана“ и дека нејзиното срце е скршено, опишувајќи ја пресудата како „назадување“ што ја отфрла идејата дека насилството врз жените треба да се сфати сериозно.
Изјавата на Амбер Херд ја пренесуваме во целост:
„Разочарувањето што го чувствувам денес е неописливо. Скршено ми е срцето што толкава планина докази сè уште не беа доволни за да се спротивставам на непропорционалната моќ на влијанието на мојот поранешен сопруг.
Уште повеќе сум разочарана од тоа што значи оваа пресуда за другите жени. Тоа е назадување. Тоа го враќа часовникот во време кога жената што проговорила може јавно да биде понижена и посрамотена. Со ова се отфрла идејата дека насилството врз жените треба да се сфати сериозно.
Верувам дека адвокатите на Џони успеаја да ја убедат поротата да го превиди клучното прашање за слободата на говорот и да ги игнорира доказите кои беа толку убедливи што победивме во Велика Британија.
Тажнас ум што го изгубив овој случај. Но, уште потажна сум што се чини дека го изгубив правото што мислев дека го имам како Американец – да зборувам слободно и отворено“.