397
Аргентинската мегаѕвезда Лионел Меси го изрази своето задоволство од победата од 3:0 над Италија во спорот за трофејот „Финалисима“.
Головите на Вембли во Лондон ги постигнаа Лаутаро Мартинез во 28. минута, Анхел Ди Марија во 45. и Пауло Дибала во 90. минута.
Самиот Меси не постигна гол, но запиша две асистенции.
„Подготвени сме да играме против сите. Италија е добра репрезентација. Очекувавме добар натпревар и убаво е да се освои трофеј во таква средина. На стадионот имаше многу Аргентинци и беше одлично“, прокоментира асот.
За Меси ова е втор трофеј со Аргентина по освојувањето на Копа Америка минатото лето.