278
Дојави за бомби денеска добија Кантоналниот суд во Сараево и Врховниот суд во Федерацијата БиХ.
„Министерството за внатрешни работи на КС е информирано, во тек се евакуации и увиди“, изјави за сараевската телевизија Н1, Мирза Хаџиабдиќ од Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.
Ова е една од серијата дојави за бомби кои пристигнуваат на адресите на институциите во БиХ.
Вчера бомби биле дојавени во полициските управи на МВР на кантонот Сараево, а минатата недела и во училиштата во тој кантон.