Русија: Одлуката на ЕУ да престане да увезува руска нафта е самоуништувачка

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

Русија денеска предупреди дека одлуката на Европската унија делумно да го запре увозот на руска нафта веројатно ќе доведе до дестабилизација на светските енергетски пазари и оцени дека тоа е „самоуништувачки чекор“, кој може да има реперкусии за европскиот блок.

„Одлуките на Европската унија за делумно напуштање на руската нафта и нафтени деривати, како и забраната за осигурување на руските трговски бродови, веројатно ќе предизвикаат дополнително зголемување на цените, ќе ги дестабилизираат енергетските пазари и ќе ги нарушат синџирите на снабдување“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесе „Ројтерс“.

Официјална Москва тврди и дека оваа одлука ќе ја загрози економијата на ЕУ, иако претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека на тој начин ќе ѝ биде одземена значителна сума на средства од Русија и ќе се создаде дополнителен притисок за запирање на воената кампања во Украина.

„Брисел и неговите политички спонзори во Вашингтон сносат целосна одговорност за ризикот од влошување на глобалната криза со храна и енергија, предизвикана од нелегитимните дејствија на Европската унија“, заклучува руското министерство.

Слични содржини