БЕСА: ДУИ да каже од каде им се парите за концертот

од Берта Китинска
276 прегледи

Движењето БЕСА побара од ДУИ да им покаже колку пари ќе треба да платат за концертот и од каде им се парите.

„Албанскиот политички субјект кој 20-годишнината од основањето ќе ја прослави со мега концерт со албански естрадни пејачи ќе ги чини илјадници евра. Нивна обврска како политичка партија е да им покажат на граѓаните колку пари ќе ги платат пејачите во оваа глобална криза и енормно високи цени. ДУИ да биде транспарентна за сите детали за овој мега концерт од илјадници евра.Овој политички субјект наместо да ги насочи своите пари за ублажување на кризата кај граѓаните, тие ги користат за забави, знаејќи дека повеќето немаат пари ни за вреќа брашно. Движењето БЕСА итно бара одржување на предвремени парламентарни избори и рушење на оваа власт која цели само кон криминал, корупција и богатење на некои поединци на сметка на граѓаните“, реагираа од БЕСА

Слични содржини