Дирк Кајт нов тренер на Ден Хаг

од Vladimir Zorba
335 прегледи

Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Холандија, Дирк Кајт го презеде АДО Ден Хаг.

Договорот со 41-годишниот стручњак е на една сезона до крајот на сезоната 2022/23. Претходната работа на Кајт беше во младинскиот тим на Феенорд, каде работеше од 2018 до 2020 година.

На крајот на сезоната 2021/22, Ден Хаг загуби од Екселзиор во финалето на плејофот за место во Ередивизи. Тимот ќе продолжи да игра во втората лига на Холандија.