Шведска ќе обезбеди поголема економска и воена помош за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Шведска ќе обезбеди поголема економска помош и повеќе воена опрема за Украина, објавија денеска министрите за одбрана Петер Хултквист и министерот за финансии Микаел Дамберг.

Хултквист и Дамберг на прес-конференцијата рекоа дека воената опрема ќе вклучува противбродски ракети, пушки и повеќе противтенковско оружје, пренесе „Ројтерс“.

Шведска во февруари објави дека ќе испрати воена опрема во Украина, вклучувајќи 5.000 парчиња противтенковско оружје, шлемови и панцири, а во март објави дека ќе испрати уште 5.000 парчиња противтенковско оружје.

Слични содржини