Урсула фон дер Лејен: Имаме одговорност да ја поддржиме Украина на патот кон ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен изјави дека ЕУ ќе направи се што е во нејзина моќ Украинците повторно да бидат господари на нивната иднина.

Таа оцени дека поддршката за Украина на патот кон членството во ЕУ не е „терет, туку историска одговорност“ на Унијата.

„Украинците храбро се борат бидејќи точно знаат каква иднина сакаат. Тие сакаат членство во ЕУ и мислам дека не е само во наш стратешки интерес, туку и наша морална обврска да им помогнеме да влезат во ЕУ“, рече Фон дер Лејен.