Патријархот Кирил тргнат од „црната листа“: ЕУ го усвои шестиот пакет санкции

од Nikola Popovski
270 прегледи

Амбасадорите на земјите-членки го договорија текстот на шестиот пакет санкции против Руската Федерација.

Тој треба да стапи во сила утре, откако ќе биде објавен во Службен весник на ЕУ, пренесуваат од Брисел.

Дипломатски извори во Брисел наведуваат дека поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, бил изоставен од текстот на шестиот пакет санкции, на што инсистираше Унгарија.

Шестиот пакет санкции на ЕУ против Руската Федерација вклучува делумно ембарго на извозот на руска нафта во ЕУ, исклучување на најголемата руска банка Сбербанк од трансакцискиот систем SWIFT, забрана за емитување на три руски медиуми во ЕУ и проширена листа

Амбасадорите на земјите-членки го договорија текстот на шестиот пакет санкции против Руската Федерација.

Тој треба да стапи во сила утре, откако ќе биде објавен во Службен весник на ЕУ, дознава Танјуг во Брисел.

Дипломатски извори во Брисел наведуваат дека поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, бил изоставен од текстот на шестиот пакет санкции, на кои инсистирала Унгарија.

Шестиот пакет санкции на ЕУ против Руската Федерација вклучува делумно ембарго на извозот на руска нафта во ЕУ, исклучување на најголемата руска банка Сбербанк од трансакцискиот систем SWIFT, забрана за три руски медиуми во ЕУ и проширена листа на санкционирани лица на која требаше да биде и патријархот Кирил.