Украинското Државно истражно биро ја завршило предистражната истрага против, според Ројтерс, прорускиот политичар Виктор Медведчук, кој е обвинет за предавство, објавија денеска властите во Киев.
Медведчук, кој во Киев е опишан како кум на рускиот претседател Владимир Путин, се соочува со затворска казна до 15 години доколку биде обвинет за предавство и кршење на законите и обичаите на војната, додаде украинското биро.
Во извештајот на бирото се наведува дека Медведчук им пружил помош на руските лидери со извршување на субверзивни активности против Украина, вклучително и собирање информации за воени локации.
Медведчук е лидер на Опозициската платформа – За живот. Тој ги негираше обвинувањата, а беше во притвор од април.