Ковачевски нема да биде премиер ниту 12 месеци, а не 12 години, наместо да краде веднаш да го укине ДДВ – то на храна, на горивата да биде 5%, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се додава дека оваа влада не пристапи систематски на проблемите.
-Со оваа влада, имаме само сиромаштија, криминал и корупција. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори што поскоро. Ковачевски треба да знае и дека ниту милион лаги искажани на интервју нема да го спасат СДСМ од пораз на избори, велат од „Белата палата“ како реакција на вечерашното гостување на премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“.