Загрепската берза го зголеми уделот во Македонската

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Загрепската берза денеска соопшти дека го зголемила своето учество во Македонската берза со купување дополнителни акции.

Преку трансакцијата Загрепската берза се стекна со дополнителни 80 обични акции, кои сочинуваат 2,86 отсто од основната главнина на Македонската берза. Трансакцијата е целосно финансирана од Загрепската берза, пишува Seebiz.

Имајќи предвид дека Загрепската берза со претходните набавки стекна 197 обични акции или 7,06 отсто од сопственоста на македонскиот пазар на капитал, со новата трансакција нејзиниот сопственички удел се зголеми на 277 акции или 9,92 отсто.

Слични содржини